ДЗС: 185 новороденчиња починале од почетокот на оваа година

Државниот завод за статистика денес излезе со информација за бројот на починати новороденчиња оваа година. Според статистиката која ја води оваа институција 185 новороденчиња починале од почетокот на оваа година. Оваа бројка била најголема во првиот квартал од оваа година и изнесува 67 новороденчиња.

Во третиот квартал од 2017 година починале вкупно 64 новороденчиња. Најголем дел од нив се од Скопје, а зад него на листата се Кавадарци, Куманово, Теарце и Струга.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866 живородени деца.