Ѕид на срамот на ЗОО: Родител дава гума за џвакање на гибонот во Зоолошката градина

Не секоја посета на Зоолошката градина значи дека истата е пријатна и убава, особено кога посетителите се непослушни. 

Тина Мицковска, од тимот на ЗОО Скопје, на Фејсбук објави дека со оглед на непослушноста на посетителите, со колегите одлучиле да отворат и Ѕид на срамот на Зоолошката градина. Еден посетител, родител, на габонката ѝ подава мастика за џвакање, притоа знакот „забрането хранење“ му е буквално пред очи. 

„Публиката од страна воодушевено го гледа овој свечен чин. Ваквото однесување треба да се искорени, не само во Скопје Зоо, туку и насекаде. Правилата постојат да се почитуваат, а животните и децата да се сакаат и кон нив да се однесуваме со многу грижа, љубов и внимание. Не можам да разберам како родители го ризикуваат животот на сопствените деца, за да фрлат смока некаде...или во случајов со мастика да го загрозат животот на ендемски вид на животно“, напиша Мицковска.