Џулија Робертс: Дојде време да се симнат маските

 

Познатата актерка Џулија Робертс објави прекрасна порака во која им се обраќа на сите жени. Еве што кажа таа:

„Совршенството е болест од која патат многу нации. Ние нанесуваме тон шминка на своите лица. Ние редовно инјектираме сè и сешто во своите лица, мораме да го правиме тоа заради некаков идеален изглед. Цело време се обидуваме да го поправиме она на кое воопшто не му е потребна поправка. А од друга страна не се грижиме за она кое треба да биде на прво место. Знаете ли што е тоа?

Се работи за нашата душа. Токму на нашата душа ѝ е потребно внимание и грижа. И дојде време да се занимаваме со неа. Јас би сакала да сфатам едноставна работа: Како можете цело време да чекате некој да се заљуби во вас, ако не сте во состојба да се заљубите во себеси? Зарем може да кажете дека сте задоволни од себеси, со постојано менување на вашиот надворешен изглед? Одговорот е едноставен: НЕ.

Морате да сфатите дека надворешниот изглед нема никакво значење, ако одвнатре сте празни.

Јас денес објавувам: повеќе нема да се шминкам, не сакам да носам туѓо лице. Дојде време да се симнат маските. Јас знам дека имам брчки, но сакам и да ги видам. Затоа што тоа сум вистинската јас. И сакам да ме прифатите онаква каква што сум. Во денешно време сите побудалеле по надворешниот изглед. Вие не можете ни да замислите колку многу заработуваат козметичките компании, кога успеале да ви ја всадат идејата во глава дека е неопходно да се вложуваат пари за да го одложите она што всушност е неизбежно 

Дали навистина мислите дека треба да се подложувате на нездрави и болни процедури, кои наводно ќе ве направат да изгледате подобро и помладо. Принципите на убавина во 21 век јасно можат да се дефинираат како ненормални. Тоа е убавина на стероиди, како вирус кој се шири низ целиот свет. Тоа е ужас! 

Кога ќе сфатите дека тие вештачки правила кои управуваат со светот и прават да се лажеме себеси во врска со нашиот надворешен изглед? Ние не можеме едностанво да уживаме во нашата природа, мораме да се придржуваме до оние критериуми на убавина, кои ни ги наметнало современото општество. 

Но, знаете што? Јас сум уморна од сето тоа. И избирам да кажам: СТОП. И ги молам сите да застанат и да се присетет кои сме всушност ние и што навистина сакаме во овој живот. Никој и никогаш нема да може 100% да одговара на критериумите на убавината. Надворешната убавина е последното нешто што треба да нè интересира кај другите луѓе. Само нашата душа е значајна, не го заборавајте тоа.

Џулија Робертс