Џорџ Орвел: „Во време на измама, кажувањето на вистината е револуционерен чин!“

Џорџ Орвел е еден од најпознатите писатели на 20 век. Со неговите дела „1984“ и „Животинска фарма“, тој продолжува да поттикнува еден куп интересни и значајни општествено-политички теми, иако е одамна починат. Неговото книжевно наследство е огромно, а тој служи како инспирација за многу други книги, романи и филмови.

Денес прочитајте неколку интересни мисли на Орвел, кои можеби ќе ве мотивираат да прочитате некое од неговите дела:

„Оној кој го контролира минатото ја контролира иднината. Оној кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото.“

„Слобода значи слобода да кажеш дека два плус два се четири. Ако тоа е овозможено, другото ќе дојде.“

„Пред лицето на болката не постојат херои.“

„Во време на измама, кажувањето на вистината е револуционерен чин.“

„Сè додека не станат свесни тие никогаш нема да се побунат, а сè додека не се побунат, тие не можат да станат свесни.“

„Најдобрите книги се оние кои ви го кажуваат она што веќе го знаете.“

„Можеби човекот не сака да биде сакан, колку што сака да биде разберен.“

„Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите.“

„Ако сакаш некого, го сакаш и дури и кога немаш ништо друго да дадеш, сè уште му даваш љубов.“

„Но ако мислата може да го расипе јазикот, јазикот исто така може да ја расипе мислата.“

„Реалноста постои во човечкиот ум, и на ниту едно друго место.“

„Секоја генерација си замислува дека е поинтелигентна од претходната и помудра од генерацијата која доаѓа.“

„Најефективниот начин да ги уништиш луѓето е да им го негираш и избришеш нивното сопствено сфаќање на нивната историја.“

„Политичкиот јазик е осмислен за да прави лагите да звучат вистинито, а убиството нешто достојно за почит, како и да направи чистиот ветер да делува дека е нешто цврсто.“

„Ако слободата воопшто значи нешто, тоа е правото да им го кажеш на луѓето она што не сакаат да го слушнат.“