Џонсон и Џонсон и Фајзер ја испитуваат ефикасноста на нивните вакцини против новиот сој

Модерна веќе најави дека ќе ја доразвива вакцината, за да може да ја зголеми нејзината ефикасност против новооткриениот омикрон сој. 

Производителите Фајзер и Џонсон и Џонсон се во фаза на испитување на ефикасноста на постоечките вакцини, за да можат и тие да ги надоградат, доколку за тоа се појави потреба. 

Податоци од испитувањата очекуваат и од Бионтек, кои заедно со Фајзер ја создадоа една од најкористените и најефикасните вакцини во оваа пандемија. Доколку за тоа постои потреба, тие заедно ќе ја преработат сегашната формула, по што ќе се испорачува онаму каде е потребна.