Џон Њуман во Скопје

Почетокот на новата недела, но и новиот месец не изненади една мошне пријатна вест.

На профилот на Avalon продукција се појави видео, во кое се најавува настапот на познатиот Џон Њуман во Скопје! Тој е англиски пејач, кој само во Британија има продадено над 1.3 милиони песни. Македонската публика ќе може да ужива во некои од неговите најголеми хитови како што се „Love Me Again“, „Feel the Love“, „Blame“, „Fire“ и многу други.

Датумот се уште не е познат, но се претпоставува дека овој настап ќе се случи во летниот период, кој е резервиран за вака големи имиња.