Џон Ленон: Животот е тоа што ни се случува додека сме зафатени со други планови

Џон Ленон е симбол на една ера – неговата музика, поеми и генерално неговиот начин на живот допреа милиони луѓе. Тој е англиски пејач, текстописец, музичар и активист кој е ко-основач на една од најлегендарните музички групи Битлси.

Имаше само 40 години кога беше убиен во Њујорк, во 1980 година. Сепак, неговата приказна и убави зборови остануваат запаметени и денес,а ќе се паметат и за следните генерации.

Кога имав 5 години, мајка ми велеше дека среќата е најважна во животот. Кога отидов на училиште и ме прашаа пто сакам да бидам кога ќе пораснам, реков дека сакам да бидам среќен. Ми рекоа дека не ја разбирам задачата, но јас им реков дека тие не го разбираат животот.

Животот е тоа што ни се случува додека сме зафатени со други планови.

Не го мразете тоа што не можете да го разберете.

Ако сакате мир, никогаш нема да го постигнете со насилство.

Колку пореален стануваш, толку понерелаен е светот околу тебе.

Живеењето е полесно со затворени очи.

Се ќе биде како што треба. Ако не е се како што треба, не е крај.

Искреноста нема да ви донесе многу пријатели, но барем ќе ви ги донесе оние вистинските.

Среќата е во вас, а не во друга личност.

Мирот не е нешто што го посакуваш. Тоа е нешто што правиш, нешто што ти го создаваш, нешто што си.

Не ви е потребен  никој да ви каже што сте и зошто сте. Вие сте тоа што сте.