„Џоли и Бред“ мал холивудски пар кој чека вдомување

Џоли и Бред се две кучиња кои чекаат шанса за нов почеток и топол дом. Разиграни, весели и дружељубиви, тие се подготвени да внесат радост и љубов во животот на своите идни сопственици.

Од „Лајка“ велат дека најубаво би било Џоли и Бред да ја продолжат својата приказна заедно, но доколку тоа не е можно, секој од нив може да добие дом во кој ќе биде сакан и згрижен.

Кучињата биле заловени на територијата на Општина Бутел, а сега ја чекаат својата шанса за посреќно секојдневие.

Можеби токму вие ќе бидете нивното среќно семејство и ќе им овозможите живот исполнет со љубов, сигурност и грижа.

Вдоми, не купувај!