Џиновски коњи го преплавија плоштад „Македонија“ (ВИДЕО)

Изложби, разни театарски, светлосни и звучни перформанси, концерти и филмови на различни локации. Вака вчеравечер изгледаше Скопје на 12. „Бела ноќ“.Покрај театарските претстави, концерти и филмови на плоштадот „Македонија“ се одржа звучно-светлосен перформанс на француската спектакл-трупа „Compagnie des Quidams“.

Трупата е формирана пред 22 години, и досега има гостувано во повеќе од четириесет држави на повеќе континенти, а ја сочинуваат дваесетина уметници од театарот, музиката, циркусот, останати сценски изведувачки уметности…