Џиновски диносауруси од отпадно железо поставени во паркот во Ченто (фото)

Паркот во скопската населба Методија Андонов Ченто викендов доби три скулптури на праисториски животни во природна големина. Тие се изработени од отпадно железо, а се дело на академскиот скулптор Андреј Миневски.

Изложбата насловена „Од граѓаните за градот“ ќе биде поставена во наредните 30 денови.