Џез-електронската сензација KOOP Oscar Orchestra меѓу хедлајнерите на Д ФЕСТИВАЛ

Покрај веќе потврдените настапи на драмендбејс пионерот РОНИ САЈЗ, ѕверското име на андерграунд дет-метал сцената СИНИСТЕР и имињата од новата генерација на домашната сцена Д ПЛАНКТОНС, ШЕЛ ШОК и ОБОХТАЛ, во програмата на Д ФЕСТИВАЛ се запишува и вториот бран артисти кои ќе се погрижат за новото најпозитивно фестивалско лето во Дојран кое годинава ќе се одржува од 14-ти до 16ти јули.

 Во листата хедлајнери се запишува ишведската џез-електронска сензација КУП ОСКАР ОРКЕСТРА (KOOP OSCAR ORCHESTRA), бендот на Оскар Симонсон кој ќе го донесе совршениот летен звук под отвореното небо на Д ФЕСТИВАЛ. Музиката на светот годинава на Д ФЕСТИВАЛ ќе ја донесат исклучителните бендови од оваа сцена, ПРОЏЕКТ РАКИЈА (PROJEKT RAKIJA) и МЕСЕЧИНКА (MESZECSINKA) кои во Дојран пристигнуваат од Холандија и Унгарија. Претставниците од македонската музичка сцена пак, секоја година имаат посебно место на Д ФЕСТИВАЛ, а меѓу нив особено потенцијалните имиња од младата музичка сила кои годинава ќе бидат збогатени со настапите на МОНОГЛИЧ (MONOGLITCH) и КОНТАКТ 59 (CONTACT 59).

Новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, а по завршувањето на специјалната онлајн акција Ран Корморан со рекорден интерес досега, јасно е дека пред нас е исклучително возбудливо издание на единствениот open-air музички фестивал кај нас.

Во моментов актуелна е продажбата на најповолните РАН КОРМОРАН билети преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs. Во оваа фаза од претпродажбата достапни се all-inclusive билетите за Фестивалот кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.
Почнете со подготовките бидејќи наскоро објавуваме уште многу нови изненадувања за Д ФЕСТИВАЛ 2017!