Џамбазов: Враќањето од Германија во мајковината не е добар потег, одличен е!

Нашиот познат шоумен Игор Џамбазов сподели објава на својот Инстаграм профил во која ја откри пораката која му пристигнала од еден Македонец иселен во Германија кој одлучил да се врати во татковината. 

Како што пишува во пораката, одлуката ја донел откако машки се исплаќал на изведбата од страна на Џамбазов на култната „Т'га за југ“. 

- Кога веќе државата не ви покажала дека ве сака и дека сте и потребни, тогаш Вие покажете и што е тоа љубов кон мајковината, и колку таа ви е потребна вам, без разлика на се'.Скептиците ќе речат дека враќањето дома од Германија не е добар потег. Јас ви велам, одличен е! Како ќе ја оправаме Македонија без Македонци? - порача Џамбазов во својата инстаграм објава. 
 

Ова е изведбата на Џамбазов на легендарната песна на Константин Миладинов: