Џамбазов потресен од смртта на пријателот: Со емотивна порака се прости од газда Зеко

Вчера во Скопје по кусо боледување почина Горан Атанасов-Зеко.

Тој беше познат скопски угостител и своевремено пејач, како и еден од главните создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-ти години.

Еден од неговите долгогодишни пријатели беше Игор Џамбазов, кој со емотивна порака се прости од Зеко.

„Газда Зеко…не е фер.Од кога фајронтот волку рано?
Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани…
Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот.
Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери?
“Пријатељу“ Зеко…не остави и без зборови и без солзи…

И да знаеш, ти беше еден од ретките кој имаше и во главата, и во душата, и во срцето, а и меѓу нозете. Ние само се трудевме да те имитираме.

Биди добар таму горе и чувај место на твојата маса.
Наскоро се гледаме.

Вечно твои браќа, Пиже и Игор…“