Џафери е политичар со највисока плата, а по него следат Пендаровски и Ковачевски

Функционерите ќе земаат и по 1.000 евра повисоки плати, по одлуката на Уставниот суд, па така најголемо зголемување овој месец ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и спикерот Талат Џафери.

Според анализата на „Канал 5“, Џафери е политичар со највисока плата во Македонија и ќе земе 166.000 денари, по што следи Пендаровски со 165.000 денари, а трет е Ковачевски со 156.000 денари.