Двомесечни бебиња ќе бидат вакцинирани против рота вируси а на истата возраст треба да примат и пневмокок

Двомесечни бебиња од први јули ќе бидат вакцинирани против рота вируси а на истата возраст треба да примат и пневмокок.  Комитетот за имунизација веќе го направил проширувањето на календарот и двете нови вакцини стануваат задолжителни. Педијатрите велат дека целта е оправдана бидејќи на овој начин ќе спречат тешки заболувања и сериозни компликации по здравјето на најмалите од опасните бактерии и вируси.

- Рота вирусите можат да предизвикаат многу чести столици и дехидрирање кај бебињата а стептококната бактерија тешки пневмонии кои можат да бидат и фатални. На овој начин ќе ги заштитиме децата, ова е во нивни интерес, односно со имунизацијата ќе биде намален болничкиот престој и компликациите, вели др. Ангелчо Андоновски директор на болницата за белодробни заболувања кај деца во Козле.

Според болничките евиденции, речиси секое второ дете во градинка ја има бактеријата стрепоткока која може да предизвика тешки форми на пневмонија. Лекарите велат дека вакцината против ова заболување е воведена во пшоголем број на европски земји уште пред 13 години.

- Мора да го следиме трендот за унапредување и заштита на здравјето на децата. Во Америка вакцината пневмокок ја има уште од 2000та година. Кај нас малку доцниме, но добро е што ќе ги заштитиме најмалите. Кај нас во Козле третманот на пациенти со пневмонија е седум дена, вели др. Андоновски.

Со воведувањето на дополнителните боцкања против ротавируси и пневмокок, од наредниот месец за децата во Македонија ќе има десет задолжителни вакцини.