Двокилометарска колона пред Гостивар – тешка сообраќајка го закочи сообраќајот

Попладнево (08.09.2025) околу 15:56 часот во ОВР Гостивар е пријавена тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Во несреќата учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила, при што пет лица се повредени.

„Сообраќајот на овој дел од магистралниот пат е во целосен прекин, а полициски службеници од ОВР Гостивар го пренасочуваат по споредни локални патишта – преку Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток,“ соопштија од МВР.

Според податоците од Google Maps, на местото на несреќата има колона долга околу два километри, што предизвикува сериозни застои и дополнителни проблеми за возачите кои патуваат во овој дел од Македонија.

Полицијата врши увид, а повеќе информации за околностите под кои се случила несреќата ќе бидат објавени дополнително.