Двојно финале за Македонија! Младите ракометарки и ракометари денес во СЦ „Јане Сандански“ се борат за две злата

Македонските млади кадетки и кадети направија подвиг за почит и се пласираа во двете големи финалиња на Светското училишно првенство во ракомет. Денес Скопје е центарот на ракометниот свет, а нашите млади таленти имаат потреба од поддршка.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија испраќа отворен повик до целата јавност – да ја наполниме салата и да бидеме „осмиот играч“ на нашите ракометни надежи.

  • 14:00 часот: Македонија – Хрватска (Женско финале)
  • 16:00 часот: Македонија – Израел (Машко финале)

Дуелите се играат во СЦ „Јане Сандански“ влезот е слободен.

За Федерацијата тие веќе го остварија својот успех со самиот пласман во завршницата, но денес е шансата да се испише историја на домашен терен.

„За нас, како Федерација, тие веќе се шампиони. Им благодариме за одличните натпревари и достоинственото претставување на нашата земја во најдобро светло. Ве повикуваме сите заедно да им дадеме ветар во грб во одлучувачките битки за златото“, велат од Федерацијата на училишен спорт.