Двете велешанчиња кои исчезнаа, се вратија дома

Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години беа пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39) за исчезнати. Тој го пријавил исчезнувањето на децата во Полициска станица Велес околу три часот наутро во неделата.

Таткото појаснил дека братчињата излегле од дома во саботата, во 19.30 часот, и не се вратиле назад.

Од СВР Велес за „Фокус” велат дека случајот со исчезнатите братчиња има среќен крај. Децата по два дена самите се вратиле дома, со објаснување дека всушност излегле да се прошетаат и се заиграле.