Двегодишно дете тешко повредено, откако по полноќ паднало од 4.кат

МВР се огласи по повод несреќниот случај во Скопје кога двегодишно дете падна од зграда.

-На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало, соопшти МВР.

На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.