Двегодишно дете од Куманово се затруло со лекови

Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. 

Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било пуштено на домашно лекување.

Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор случај на труење на двегодишно дете во Куманово за две недели. Кон крајот на месец јули, двегодишно дете беше затруено откако испило средство за разредување боја.

Лани исто така, во кумановскиот регион беа евидентирани неколку случаи на труење кај деца, некои проголтале средства за чистење и дезинфекција, а некои лекови.