Две женски лица се повредени во сообраќајка во Автокоманда

Две женски лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила во Автокоманда, кај АСУЦ.

Од МВР за Курир велат дека несреќата е пријавена во 9:30 часот, а во истата учествувале автомобили „Хјундаи“ и „Мерцедес“, двата со скопски регистерки ознаки.

Во несреќата повредени се две женски лица М.Т. и Ј.Т. кои се пренесени во Ургентниот центар.  Неофицијално повредените се мајка и ќерка. Засега нема информации за карактерот на повредите.

На местото на настанот извршен е полициски увид.