Две женски лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила во Автокоманда, кај АСУЦ.
Од МВР за Курир велат дека несреќата е пријавена во 9:30 часот, а во истата учествувале автомобили „Хјундаи“ и „Мерцедес“, двата со скопски регистерки ознаки.
Во несреќата повредени се две женски лица М.Т. и Ј.Т. кои се пренесени во Ургентниот центар. Неофицијално повредените се мајка и ќерка. Засега нема информации за карактерот на повредите.
На местото на настанот извршен е полициски увид.