Две жени се степале во Центар по претходно недоразбирање

Вчера две жени имале физичка пресметка поради недоразбирање.

- На 24.01.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.К.(56) и Т.Т.(51), двете од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.