Две жени ноќеска натепале скопјанка кај Транспортен

34-годишна скопјанка физички нападната ноќеска од две жени кај Транспортниот центар во Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје, П.Н.(34) од Скопје пријавила дека околу 01:30 часот кај Транспортниот центар во Скопје била физички нападната од две женски лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.