Две жени на сред улица истепале тетовка, и го одзеле целиот накит

Триесет и шестгодишната Х. З. од Тетово, вчеравечер, во 21 часот, во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа на улицата Илинденска во Тетово била физички нападната од две женски лица, кои притоа ѝ го одзеле и златниот накит што го имала на себе, извести СВР Тетово.