Две жени и еден маж каснати од улични кучиња во Скопје

Вчера биле каснати три лица од улични кучиња во Скопје.

Најпрво во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, А.У.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Варшавска“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 14.55 часот во Полициската станица Центар, В.Д.(42) од Скопје пријавила дека на трим-патека на Водно бил каснат од куче скитник.

По што во 20.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.А.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.