Две возила се запалиле во двор во штипско

Два патнички автомобили биле опожарени во пожар што избувнал во дворот на семеен дом во селото Стар Караорман, штипско.

Според информациите од МВР, на 6 август во 14:41 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на С.Н. (49) од Штип, настанал пожар во две патнички возила – „фолксваген венто“ и „фолксваген голф“, и двете со штипски регистарски ознаки.

Во пожарот нема повредени лица.

Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид на местото извршила екипа на СВР Штип, која ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот.