Две возила опожарени рано утринава во Карпош

Рано утринава околу 04:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош опожарени биле две патнички возила.

Како што се наведува во полицискиот билтен, гореле патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С..

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.