Две тепачки поради недоразбирање во сообраќајот, летале клоци и боксови

Граѓаните се повеќе ги губат нервите кога е во прашање сообраќајот во главниот град. Полицијата регистирала две тепачки каде главни учесници биле возачите.

Ноќта на 12.02.2025, во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Н.(42) од Скопје, затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.П.(25) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Истиот ден во 15.58 часот во полициска станица 40-годишниот В.С. од Скопјепријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од С.С.(37) од Скопје.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветени поднесоци.