Две тепачки и една кражба во Скопје за еден ден

Две тепачки и една кражба завчера на подрачјето на Скопје..

На 21.03.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје, Р.Ќ.(29) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Е.П.Т.(37) од Скопје и Т.М.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 21.03.2023 во 20.45 часот во СВР Скопје, С.М.(41) од Скопје пријавил дека околу 20.05 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Г.С.(40) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР. 

На 21.03.2023 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот во аптека на подрачјето на Гази Баба едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.