Две состојки кои ќе ви овозможат зима без грип и настинки

Медот и оревите можат да бидат одличен десерт, но и добитна комбинација за вашето здравје. Нема да верувате колку се моќни и делотворни за подобрување на имунитетот.

Имунитетот ни е особено потребен во текот на зимските денови како отпорност на организмот на различни болести. Оваа комбинација може да биде ваш најдобар сојузник во текот на зимските месеци, но и во текот на целата година.

Овој едноставен рецепт вклучува 500 гр мед и 500 гр ореви. Можете да додадете и сок од лимон, но и цимет кој исто така е одличен во борбата против настинките и грипот. Многу истражувања ја истакнуваат моќта на витаминот Ц, кој се крие во лимонот, но и потврдуваат дека циметот има позитивно влијание во борбата против многу болести.

Ваквата комбинација не само што е моќна, туку и има одличен вкус. Овој магичен микс дава сила и енергија, ја подобрува крвната слика и делува на целокупното здравје. Се подготвува мошне брзо, доволно е само да ги измешате состојките во стаклена тегла, во која ќе го чувате додека не се потроши. Можете да го конзумирате на секои 3-4 часа.