Две сообраќајки попладнево го блокираа Скопје! Избегнувајте ги овие два делови од градот

Две сообраќајни незгоди го блокираа Скопје попладнево.

Станува збор за сообраќајна несреќа помеѓу камион и автомобил, која се случила во Автокоманда, на потегот од семафорите кон Дореана. Во моментов во блокада е десната коловозна лента, а на раскрсницата е вистински сообраќаен хаос.

Другата сообраќајна незгода малку после Сити Мол во правец кон Ѓорче Петров на булеварот „Партизански одреди“. Инцидентот според првичните информации е од помал интензитет, но се препорачува да се избегнува левата лента на семафорот кај Сити Мол.