Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на Димо Хаџи Димов бб (во близина на комплекс Шампионче), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Димо Хаџи Димов и дел од ул. Божидар Аџија.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Известување од надлежните има и за претстојната сабота кога поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Копенхагенска бр.4б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул: Копенхагенска, ул.Софиска, ул. Бриселска, ул. Његошева, ул. Стокхолмска, ул. Петар Драганов и ул. Гаврил Лесновски од 09:00 часот.
Поради специфичност на дефектот очекуваме санирањето на истиот да биде во вечерните часови, известуваат од скопски Водовод.