Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), без напојување со електрична енергија ќе останат:
- од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од населба Злокуќани (општина Карпош)
-од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Љубин (општина Сарај)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека денеска (среда):
- Поради отстранување појавен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-1 цол, на ул. Рилски Конгрес бр. 1, од 08:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица (општина Центар).