Две скопски населби утре без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека со прекин во водоснабдувањето утре ќе бидат дел од корисниците на Маџари и Хиподром.

Оттаму информираат дека поради изведување на приклучок од Ф-150 милиметри на улицата „1657“/7 во населба Хиподром и стопирање на мрежа од Ф-100 милиметри на улицата Благоја Стефковски бб (на последна атобуска 50-ка) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Маџари и новата населба Хиподром, а со намален притисок ќе биде Трубарево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.