Две скопјанки и малолетник каснати од бездомни кучиња вчера на подрачјето на главниот град.
На 18.02.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Б.(34) од Скопје пријавила дека во комплексот „Расадник“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 18.02.2025 во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.С.(46) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 18.02.2025 во 16.50 часот во Полициското одделение Петровец, И.Б.(40) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека во с.Средно Коњари, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.