Две штотуку породени жени во Скопје, инфицирани од Ковид19, едното бебе починало

Две жени, кои што се породиле во изминативе два дена на Клиниката за гинекологија се заразени од корона вирус, дознава Канал 5 од извори од здравство.

Се работи за родилки од Куманово и од Охрид, а бебето на едната од нив, за жал починало, но не е позната причината за смртта.

Неофицијално, тие во Клиниката дошле со симтоми на вирусот.

Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус.

Од Клиниката за гинекологија вечерва информираа дека кај една пациентка е утврдено присуство на Корона вирусот, а кај втората тоа дополнително ќе се утврди.