Две пукања со огнено оружје во Скопје за еден ден, повредените во болница

За еден ден две пукања во Скопје. Вчера, две лица се повредени во одделни случаи на пукање со огнено оружје, од кои едниот во Батинци, а другиот случај во Визбегово. 

Вчера претпладне имало пукање во скопско Батинци, каде што едно лице било погодено со куршум и пренесено во градската болница „Св. Наум Охридски“. 

-На 09.05.2023 околу 11.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Е.Ч. (28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава околу 11 часот дека во с.Батинци било пукано кон Н.М., кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, потврдија од МВР.

Вториот случај на пукање се случил вчера попладне во Визбегово. Според првичните информации, еден човек е ранет во нога во  престрелката која се случила нешто по 17 часот и е пренесен во болница. 

„А.Б. пријавил дека во Визбегово кон него пукал И.А. и го повредил“, кусо велат од МВР.