Две пријави за исчезнати лица во Скопје

Две лица од Скопје, од кои едното малолетно, се пријавени за изчезнати. Врз основа на тоа, МВР известува дека: 

На 18.04.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Т.(67) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син И.Т.(35). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.04.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.С.(40) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил М.О.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.