Две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 14.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на возилата „форд транзит“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Прилеп и „опел“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.С.(31) од с.Романовце, кумановско, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.