Две патнички повредени откако возач на ЈСП нагло прикочил за да избегне сообраќајка

Две жени се здобиле со повреди, од кои едната потешки, откако вчера возач на ЈСП нагло прикочил.

Инцидентот се случил околу 15,20 часот во Скопје на крстосница од улица „Водњанска“ и „50-та Дивизија“, кога автобус на ЈСП бр. 50 управуван од М.М.(53) од Скопје нагло прикочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него.

Со повреди се здобиле патниците во автобусот, В.А.(60) и К.С. (52) двете од Скопје.

-Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.