Две нови убиства во Македонија за само неколку дена

Нема крај за вестите од црна хроника во земјава. Само вчера надлежните објавија детали за две нови убиства кои се случиле во земјава изминатиот период. 

Имено, 62-годишник од Богомила им подлегнал на повредите откако бил претпан од 20-годишно момче од истото село. 

- На 23.01.2023 во 00.20 часот во с.Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(20) од с.Богомила. На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат, информира МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Друг случај е возрасната жена од Струмица која беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“.

Според најновите информации таа била убиена. 

Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена.

Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.

Инаку, безживотното тело на старицата, која живеела сама, беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а оттаму ја известиле полицијата.