Две награди „Златен волан“ за Audi A4 и Audi R8

Брендот Audi досега има освоено 25 статуетки „Златен волан“ со што е најуспешен бренд во историјата на овие награди

Два нови модели на Audi доминираат со своите категории и ги освоија најпрестижните награди во автомобилската индустрија, новиот A4 ја освои наградата во средната класа додека пак R8 триумфираше во категоријата спортски автомобил. Наградите „Златен волан“ ги доделуваат експерти и автомобилски вљубеници. Покрај експертите во областа свој придонес, за тоа на кого да му припаднат овие награди, даваат и читателите на двата етаблирани медиуми, магазинот Auto Bild и весникот Build am Sonntag. Статуетките беа врачени на свечена церемонија која се одржа во Берлин во централната зграда на една од најголемите издавачки куќи во Германија, „Аксел Шпрингер“.

- Воодушевени сме со успехот што го постигнавме на овој високо почитуван натпревар. Наградите „Златен волан“ кои ги освоивме, нè мотивираат да бидеме уште покреативни во создавањето на нашите следни модели – изјави Руперт Штадлер, претседател на одборот на Audi AG.

Новата лимузина Audi A4 ја победи силната конкуренција во категоријата „Автомобили со средна големина, а наградата ја прими Дитмар Вогенрајтер, член на одборот за маркетинг и продажба.

- A4 е нашиот најпопуларен модел досега. Победата на натпреварот „Златен волан“ потврдува дека оваа успешна приказна ќе продолжи и понатаму со новото семејство Audi A4– посочи Вогенрајтер.

Во категоријата спортски автомобил, Audi R8 ги освои симпатиите на членовите на експертското жири и читателите на медиумите. Наградата ја прими Хајнц Холевегер, генерален менаџер на Audi AG, Quattro GmbH. „Новиот R8 е еден од најмоќните и најбрзите производи на нашата компанија. Audi R8, од било кој друг модел, е најблиску до тркачки автомобил – посочи тој.

Брендот Audi досега има освоено 25 награди „Златен волан“ со што е на врвот на листата на добитници. Годинава се доделуваа награди во повеќе категории, а во конкуренција беа вкупно 38 нови автомобили.