Две момчиња претепани во студентскиот дом „Пелагонија“

Две лица минатата ноќ биле претепани во еден од ходниците на студентскиот дом „Пелагонија“.

Од полицијата информираат дека Г.Д.(20) од Дојран пријавил дека околу 4 часот во ходникот тој и неговиот другар А.В.(21) од село Злаести, биле физички нападнати од лицата Д.С. од Пробиштип, К.К. и Т.Н. двајцата од Струга и од уште едно непознато лице.

Притоа напаѓачите ги удирале Г.Д. и А.В. со раце и нозе по главите и телата, при што им нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.