
Две момчиња на возраст од 18 и 24 години се тешко повредени откако со мотоцикл излетале од пат кај брана Калиманци.
- На 14.08.2026 во 12:12 часот во ОВР Виница било пријавено дека околу 11:40 часот на делницата од село Истибања кон брана Калиманци, на место викано „Драка“, мотоцикл со делчевски регистарски ознаки, управуван од О.Ш.(18) од Делчево излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ѓ.Е.(24) од село Тработивиште, делчевско, констатирани во Општа болница Кочани, соопштија денеска од МВР за несреќата.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница.