Две моќни реченици кои ќе ви помогнат да изградите самодоверба

Потсвеста може да направи толку многу. Доколку ја храните со позитивни мисли, тоа ќе се одрази на вашиот живот. Ние сме родени без ограничувања и со можност да оствариме сѐ што ќе посакаме, а препреките самите ги создаваме со негативните мисли. Можете да постигнете сѐ што сакате, но важно е прво да ги контролирате вашите мисли. Со секојдневно повторување на овие две реченици, значително ќе влијаете врз зголемувањето на вашата самодоверба. 

Јас сум херојот на мојот живот / Јас сум хероината на мојот живот

Секој ден си носи со себе свои предизвици и непредвидени околности. Разочарувања, лоши вести... милион работи можат да се случат. Но, од вас зависи како ќе одговорите на сето тоа. Доколку на секој проблем одговарате со реченицата: „Јас сум херојот/хероината на мојот живот“, на потсвеста и праќате порака дека сте ментално силни. 

Одлуката да бидете херој/хероина на вашиот живот значи да си го поставите себеси вистинското прашање кога ќе настапат проблемите. Запрашајте се што можете да направите по тоа прашање, наместо да се сожалувате себеси и да барате вина во некој друг. Оваа реченица треба да ве потсеќа дека изборот е само ваш. Среќата, успехот и мизеријата се работи кои сами ги одбираме. Можете да постигнете сѐ што сакате, но најважно е позитивно да размислувате. 

Јас можам да направам сѐ што ќе посакам

Охрабрете се да пробувате нови работи. Често се плашиме да излеземе од удобната зона, затоа почесто поттурнувајте се себеси да пробувате работи и активности кои не сте ги правеле порано. Доколку не пробате, не можете ни да знаете. Нема да успеете ако воопшто не ни пробате.