Две млади девојки повредени во сообраќајка во кумановско

Две млади девојки настраа во сообраќајната несреќа. 

На 12.05.2022 во 09.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце во атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило “сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.М.(20) с.Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот, информираат од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(19) од с.Младо Нагоричане констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.