Две машки лица провалиле во стан на 67 годишна жена и ја нападнале

67 годишна жена од Скопје, пријавила дека синоќа (28.09.22) околу 01.20 часот, две лица влегле во нејзиниот дом и физички ја нападнале. 

Од МВР информираат дека таа пријавила оти две машки лица со употреба на сила влегле во нејзиниот дом, физички ја нападнале, но не одзеле ништо. 

Полицијата работи ан расчистување на случајот.