Две лица во Скопје каснати од кучиња скитници

На 22.01.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Г.(33) од Крива Паланка пријавил дека во близина на железничкиот надвозник бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 22.01.2020 во 13.45 часот во Полициската станица Чаир, И.Л.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓоре Ѓоревски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.