Две лица во Карпош, едно во Аеродром каснати од улични кучиња

Три лица вчера биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 19.05.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на кејот на реката Вардар на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.

На 19.05.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, З.М.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил каснат од куче скитник.

На 19.05.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Ч.(49) од Скопје пријавил дека во Градски Парк бил каснат од куче скитник, соопшти полицијата.